СВЕТ

„Билд“: Адолф Хитлер побденик на избори во Намибија

Кандидат по име Адолф Хитлер е избран на локалните избори во Намибија, пренесува германскиот весник „Билд“.

54-годишниот Намибиец, Адолф Хитлер Уунона, освоиl 84,88 проценти од гласовите во областа Омпунџа во регионот на Ошан, на северот од Намибија.

Адолф Хитлер ја започнаl својата политичка кариера во партијата „Свапо“, со која победи на тековните регионални избори. „Билд“ пишува дека името му го дал неговиот татко, кој имал скромни образовни достигнувања.

„Очигледно татко ми не разбираше кој е Адолф Хитлер“, рече тој.

Тој вели дека, кога бил дете, неговото име било сосема нормално, сè додека не пораснал и дознал чие име носи.

– Немам ништо со сите оние работи што ги сторил човекот чие име го носам – вели тој.

Тој во јавноста се појавува претежно како Адолф Уунона и го изоставува Хитлер. Вели дека не може да го смени името бидејќи го има во сите негови официјални документи.

„Сега е доцна за тоа“, додаде тој, посочувајќи дека името Адолф било доста вообичаено во Намибија, поранешна германска колонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button