МАКЕДОНИЈА

Билетите за бесплатен превоз средношколците од прва година ќе ги добијат во училиштата

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека  учениците од прва година средно образование, кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, билетите ќе ги добијат во матичните училишта.

-Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје. Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 денари за изработка на картичката, информира ЈСП.

Средношколските билети за бесплатно користење јавен превоз во Скопје важат за сите линии (градски и приградски) во период од 5 до 24 часот, односно не важат за користење на ноќните линии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button