ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бирнс: Со утрешната инаугурација продолжува американската демократија и мирниот трансфер на власта

Утрешната инаугурација на новоизбраниот претседател е продолжение на американската демократија, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, амбасадорката на САД во земјава, Кејт Бирнс.

Advertisements

Запрашана како гледа на самата церемонија, која следува по немирите на Капитол Хил, како и најавата дека претседателот во заминување, Доналд Трамп нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот Џо Бајден, Бирнс вели:

„Важно е тоа што со утрешната церемонија, продолжува американската демократија и мирниот трансфер на власта. Како што е познато, постојат невообичаени околности, не само во политиката туку и со пандемијата. Ќе има елементи коишто ги претставуваат традициите од минатото, но и други елементи, коишто ги рефлектираат актуелните случувања, не само оние поврзани со пандемијата, туку и безбедносната состојба генерално“, рече амбасадорката Бирнс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button