ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бислимоски очекува нападот на Израел врз Иран да влијае на цените на нафтата во Македонија

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, смета дека војната помеѓу Израел и Иран ќе влијае и врз цената на нафтата во Македонија. По нападите на Израел врз Иран, Бислимоски посочи дека утрово цената на светските берзи на нафтата била зголемена за десетина долари.

„Апсолутно ќе има влијанија, да видиме како ќе се одрази во следните денови. За следната недела не верувам дека ќе има некое драстично влијание кога ќе ја носиме одлуката, но ако продолжи ваквиот тренд на високи цени на нафтените деривати апсолутно ќе има влијание и на цената којашто ќе ја плаќаат корисниците во Македонија“, изјави Бислимовски.

Advertisements

Претседателот на РКЕ не очекува влијание на цените на останатите продукти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button