
Во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се прават анализи дали и за колку може да се продолжи периодот на евтина дневна тарифа на струјата.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, вели дека во изминатиот период компаниите во текот на денот имале ниски цени на електрична енергија и тоа што го имаат тие мора да го имаат и домаќинствата.
„Со воведувањето на евтината дневна тарифа од 13 до 15 часот веќе го направивме првиот чекор, но трендовите на берзата покажуваат дека во овој период има исклучително ниски цени на струјата и правиме сериозна анализа за наредните две-три години за цени на електричната енергија за секој час на повеќе берзи и кога ќе бидеме готови ќе кажеме кога и во колкав обем ќе имаме зголемување на евтината тарифа во текот на денот“, рече Бислимоски.