ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бислимовски кажа дали би можело да се очекува поскапување на струјата до крајот на годинава

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат рече дека цената на струјата до Нова Година нема да се менува. Како што додаде тој, за да остане цената во сегашните граници, треба да немаме потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.

„Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ, туку ЕСМ сам, со одлука на Влада утврдува цена со којашто се јавува на тендерот на ЕВН Хоум, така што, мислам дека сега е премногу рано да зборуваме за какви било промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да се исполни условот, да нема зголемување на електричната енергија е да немаме потреба од увоз на струја. Се га засега, до 31 декември, нема да има промена на цената за регулираниот пазар“, рече Бислимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button