МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Денес е само првиот чекор од низата меѓудржавни договори

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битичи изјави дека денешниот ден е само првиот чекор од низата меѓудржавни договори меѓу Владата на РСМ и на Бугарија.

Advertisements

Овие коментари Битиќи ги даде од Софија, за „Емисиај 200“ на Алсат, а средба што денеска се одржа во во бугарската престолнина меѓу двете влади ја опиша како средба со енергија за соработка.

„Мислам дека денес потпишувањето на трите договори што се направени, е само првиот чекор од низата меѓудржавни договори кои на крајот треба да донесат поголема благосостојба за граѓаните на двете земји. За жал, на Балканот, работите се под големо влијание на политиката и енергијата што ја пренесуваат креаторите на политиката. Имаме уште еден случај, каде што со приближувањето на позициите и решавањето на спорот со Грција, соработката доби извонреден поттик. Мислам дека оваа енергија што се случува сега ќе биде уште поголем поттик за вистинска соработка. Посветени сме тоа да се случи по секоја цена“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button