ЕКОНОМИЈА
Битиќи: Годинава 528 милиони евра странски директни инвестиции

Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека годинава што изминува, била една од најдобрите во последните 10 во поглед на висината на странските инвестиции. Како што појаснува тој, подобра била само 2018-ттата.
„Годинава, странските директни инвестиции, во овој момент, се на ниво од 528 милиони евра. Има само една година, во изминатите 10 години подобра од оваа година, а тоа е 2018-ттата“, вели Битиќи.