ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Наскоро ќе добиеме нова влада предводена од Заев и промена на министри

Како Влада ние не функционираме нормално веќе три месеци поради локалните избори. Работата на сите институции е сведена на минимум што ме изненади, бидејќи сум нов во политиката. Ние овој период требаше да го донесеме Буџетот, ни претстои криза со пандемијата, имаме економска криза, а енергетската криза е нов момент, така што сега не е моментот да не се работи со полна пареа. Ова денеска го изјави потпретседателот на СДСМ и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“.

Advertisements
За процедурата за оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев, Битиќи рече дека Централниот одбор само побарал да се одложи одлуката за оставката. – Оставката е висок демократски чин и во нормални земји тоа би го сфатиле како начин да се преиспита зошто не оделе работи. Кај нас тоа се сфаќа предраматично. Ја ценам неговата одлука за оставка, но и ставот да се одложи, рече Битиќи.

Смета дека кај нас се поврзуваат позициите на претседател на партијата со претседател на Владата. – Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, рече Битиќи.

Реконструкцијата на владата, како што истакна вицепремиерот, е добра и треба да има одредена промена на кадрите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button