ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Парно ќе има, независно дали ЕСМ или БЕГ

Парно греење во Скопје ќе има, тврди вицепремиерот Фатмир Битиќи. Вчерашната најава дека Балкан Енерџи Груп крена раце од испораката на топлинска енергија не треба да ги загрижува граѓаните, додава тој и вели законот е јасен, БЕГ има обврска да работи се до конечен избор на нова компанија. Битиќи, на прашање на Алсат дали државата набавила доволно природен гас за производство на топлинска енергија, соопшти дека преговорите кои ги врши ЕСМ се при крај и гас ќе има до крај на грејната сезона. Во исто време државата води и преговори со компанијата Адора која е сопственик на Топланите во главниот град по која цена ќе ги дава под рента или ќе ги продава.

Advertisements

„Топлинска енергија за граѓаните секако ќе има, и мислам дека сите разумно се однесуваат во овој период и тоа ќе се случи. Граѓаните треба да бидат спокојни. Независно, дали ЕСМ или БЕГ граѓаните ќе добијат топлинска енергија“, рече Битиќи.

Пред 24 часа БЕГ излезе со соопштение во кое наведе дека нема намера да испорачува топлинска енергија.

„БЕГ производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен“, наведоа од БЕГ.

Се огласи и Регулаторот. Законот за енергетика е јасен, сѐ до изборот на нов вршител на енергетската дејност на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување јавна дејност.

„Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценцата“, наведоа од Регулатроната комисија за енергетика.

На 15ти октомври официјално започнува грејната сезона. До тогаш надлежните имаат рок да дадат дозвола за работа на фирмите кои ги оформи ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. ЕСМ беше едиствената фирма која конкурираше на јавниот повик на владата за превземање на дејноста од Балкан Енерџи Груп. Приватната компанија се откажа од овој бизнис поради енормното зголемување на цената на природниот гас кој поради војната во Украина поскапе за повеќе од 10 пати.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button