ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Битиќи: По барање на апликантите, пролонгиран рокот за тендерската постапка за Блаце

Битиќи: По барање на апликантите, пролонгиран рокот за тендерската постапка за Блаце

Рокот за тендерот за изградба на вториот сегмент од автопатот Скопје-Блаце неколку пати се одложува, на барање на приватните фирми кои аплицирале за изградба на 10 нови километри, открива вицепремиерот за економски прашања. Фатмир Битиќи изразува жалење што домашните компании немаат капацитет да ги реализираат проектите брзо и според условите од договорите.

Advertisements

Првиот дел од автопатот Блаце-Скопје, кој почна да се гради пред четири години, требаше да биде готов за 18 месеци. Нема казна за компанијата „Гранит“ која го потпиша договорот на 16 јануари 2020 година, а најавите на властите се дека 2 клиометри пат ќе бидат готови на почетокот на април. Но, не се пробиваат само роковите. Склучувањето на договорот за два километри имаше почетна цена од 14,5 милиони евра, додека со анекс-договор овој трошок е двојно зголемен.

Автопатот Скопје-Блаце, иако е само 12 километри, стана познат поради децениското доцнење на неговата изградба. Вториот дел од 10 километри што ќе го поврзе граничниот премин со главниот град и понатаму останува на хартија. Од Јавното претпријатие „Државни патишта“ велат дека годинава ќе го објават тендерот за фирмата изведувач и фирмата надзор на проектот. Идентични одговори добиваме и во последните две години. Прогнозите се дека еден километар ќе чини околу 15 милиони евра, со што ќе биде меѓу најскапите автопати во Европа. Никој од надлежните не најде храброст да каже точен датум кога ќе почнат работите на вториот сегмент од овој автопат./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button