ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Битиќи: Се разгледува опцијата и за намалување на платите на функционерите

Во предлог-законот за корекција на платите на функционерите, за кој се расправаше пред еден ден во Владата, се очекува да се укине формулата за пресметка на платите на избраните и именуваните, земајќи ја како основа просечната плата од претходната година во земјата. Ова е затоа што оваа година тие ги зголемија своите плати за 78%, и ако се следи истата методологија од јануари, може да има нови зголемувања за околу 1.260 државни службеници.

Advertisements

Премиерот Ковачевски, денеска пред новинарите истакна дека ќе има различни коефициенти во зависност од позициите и без да се предизвикаат финансиски импликации. Тој истакна дека работната група е посветена на тоа предлог-законот да биде готов до крајот на следната недела. Во меѓувреме, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за Алсат, изјави дека со новиот закон во јануари нема да има ново зголемување на платите на функционерите.

„Не се само 20 министри и 20 заменици министри во прашање, има 1260 функционери, треба да разговараме со сите. Разговаравме со различни структури, на пример со претставници на судството, обвинителството, локалната власт и мислам дека е потребен поширок консензус дека на крајот на денот, овој закон може да биде предложен од владата, но што ако е предложен и остане некаде во фиоките!? Секоја опција е отворена на маса: намалување на платите и спречување на зголемување на платите, ние како работна група имавме мандат да понудиме предлог, на седницата имаше министри кои предложија нешто друго”, рече Битиќи.

Она што со сигурност се знае е дека овој закон се очекува да биде донесен во текот на оваа година, за да не ескалира незадоволството на граѓните кои се во длабока финансиска криза. Досега над 9,1 милиони евра се потрошени само за зголемените платите од 78%, за што се издвојуваат 15 милиони евра на годишно ниво. Платите на функционерите се зголемија откако Уставниот суд на 21 март донесе одлука за укинување на еден член.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button