ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Увозот на работна сила е неодржливо решение

Примерот со компаниите што отвораат нови работни места и се спремни да влезат во процесот на дуално образование, но и во преквалификација и доквалификација на работната сила е клучот за успехот со кој во овој момент се справуваме, а тоа е недостиг на работна сила на пазарот на труд. Сите други дискусии што мораме да ги отвориме, како што е евентуално увозот на работна сила, се решенија што не се одржливи, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Одржливи решенија за пазарот на труд се нашите сограѓани што живеат овде и сакаат да продолжат со преквалификација и доквалификација и креирање нови вештини што ќе одговорат на барањата на компаниите“, рече Битиќи и додаде дека во земјата има сограѓани што се невработени, а за кои примарната цел е да се направат способни за да се вработат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button