ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Владата не го одредува начинот на спроведување на постапката

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи оценува дека обвинувањето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, дека договорот за консултантски услуги без јавна набавка е направен врз основа на одлуката на Битиќи, не држи. Според него, Владата не го препорачува начинот на спроведување на обврската, туку тоа го правата правните служби кои испитуваат дали процедурите се согласно законот.

Advertisements

„Како и сите наоди и обврски што ги носи Владата, така и министерствата и службите мора да ги спроведат. Во ниту една обврска не се препорачува или потенцира постапката и начинот на кој треба да се спроведува. Таков е случајот со антикризните мерки и секое министерство доаѓа со свои законски предлози и начин на спроведување на мерките“, вели Битиќи.

Запрашан дали има коментари од Секретаријатот за законодавствово во однос на процедурата за која станува збор или во одлуката на Владата конкретно е наведено како треба да се следи постапката, Битиќи повтори дека соодветните служби во Владата мора да работат согласно законските одредби.

„Никогаш нема, никаде и ниеден наод, препорака како истото да се спроведе. Соодветните служби знаат да спроведат псотапки согласно законските одредби. Владата работи врз основа на правилникот и Законот за влада“, додава Битиќи.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, вчера доби пресуда од две и пол години затворска казна поради неспроведување на јавни набавки, а склучување договор со фирма која имала обврска да спроведе физибилити студија, за можна приватизација на „Македонски пошти“ и „Железница-Транспорт“. Зеќири рече дека во ниту еден момент не била утврдена неговата умисла за извршување на кривичното дело и дека постапката ја спроведувал како што е препорачано со одлуката на Владата, односно на вицепремиерот Битиќи.

Според него, ниту правните советници на Владата не се спротивставиле или измениле имплементација на постапката по одлуката на Владата. Според обвинението на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Зеќири со своите постапки го оштетил државниот буџет за речиси 1,3 милиони евра. Судот одлучи да нема конфискација бидејќи се докажало дека имотот со кој располага бил купен 10 години пред да се случи кривичното дело за кое е обвинет.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button