ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Битола, подготовки за денот на албанската азбука

Овие рецитирани стихови се од учениците Албанци во Битола кои ги сретнавме при последните подготовки за приредбата пред наставниците и родителите за денот на азбуката на албанскиот јазик- 22 ноември.

Advertisements

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Битола учат околу 200 ученици Албанци од прво до деветто одделение. И покрај тоа што бројот на ученици во ова училиште секоја година се намалува поради напуштање на државата, како што тоа се случува во многу други училишта во земјава, наставниците се тие кои ги одржуваат живи албанските букви во Битола.

„Јас сум професорка со дневен престој, учениците доаѓаат да си ја вршат домашната задача, да рецитираат песни, да се забавуваат, да си играат надвор и сега се подготвуваат за празниците во ноември. Кажете ми колку ученици има во целото училиште? Близу 200 ученици Албанци. Секогаш се трудиме да ги потсетиме на азбуката, да ги учиме рими и што е најважно да научат да пишуваат, да читаат и да не го забораваат јазикот бидејќи јазикот и пишувањето ги одржуваат луѓето заедно“, рече Јета Селими Фејзулахи – учителка.

За денот на азбуката, директорката на ова училиште Наташа Ставревска рече дека ќе има манифестација на 22 ноември.

Ноември е месецот во кој најмногу се памети Битола а посетена е и куќата во која се одржал битолскиот Конгрес од 14 до 22 ноември 1908 година. Од градот Битола и децата Албанци го честитаа денот на азбуката на албански јазик.

Ученици „Вечна да биде бесата и слободата, вечна да биде светлината и знаењето“. Среќен 22 ноември.”

Нема поубава честитка од Битола за прославата на 22 ноември. Честитки до сите.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button