ЕКОНОМИЈА

Бизнисмените бараат нов сет мерки од Владата

Се поизвесно е дека нови пакети на финансиска помош од државата стопанството нема да добие. Бизнис секторот предупредува дека компаниите засега се далеку од стабилни. Продлабочената криза се уште не ги покажала сите негативни ефекти. Од Бизнис Конфедерацијата на Македонија за Алсат велат дека на компаниите им е потребна поддршка од државата за промоција, во делот на барањето на нови пазари, пласман на производи, воведување на нова технологија и иновации.

Advertisements

„Навистина сме мали и слаби, и треба да се насочиме кон зголемување на присуството кон глобалниот пазар, особено заради задржување на работните места, заради промоција на државата, промоција на македонската економија. На тој начин ќе се привлекуваат и инвеститори и туристи. Сега за сега тоа е малку“, рече Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија.

Од министерството за финансии не откриваат детали за што ќе бидат пренаменети парите со ребалансот. Велат дека на среден рок ќе бидат фокусирани на спроведување структурни реформи и реализација на капитални инвестиции, истовремено со постигнување на фискална консолидација.

„Со ребалансот реагираме за да одговориме на кризата преку намалување на непродуктивните расходи, ќе се направи прераспределба по проекти и програми според приоритети, како и прераспределба онаму каде нема доволна реализација“, наведоа од Министерството за финансии.

Властите со последниот пакет на мерки кој тежи 400 милиони евра помошта ја насочија кон граѓаните, и мал дел кон фирмите. Ставот на приватниот сектор е дека финансиската помош која во последниве три години стопанството ја доби од државата е најниска во однос државите од регионот. Ставот пак на Владата е дека мерките кои ги носат имат за цел зачувување на куповната моќ на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button