ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бизнисмените се жалат на високото ниво на корупција

Бизнисмените се жалат на високото ниво на корупција

Бизнис секторот во земјава продолжува да се соочува со корупција. Бизнисите и нивниот успех често зависат од политичките структури на власт, бидејќи за да добијат грантови или поддршка од Владата, тие се принудени да ги поддржуваат политиките на власта. Директорот на Транспаренси Интернешнл, Благоја Пандовски, ги повикува компаниите да ги пријават обидите за корупција и да не молчат.

Advertisements

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, се пожали дека за искоренување на корупцијата недостасуваат луѓе и средства. Бизнисите не дека сакаат, но често се принудени да станат жртви на корупција, додаде Азески.

Во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата, Северна Македонија беше оценета со 42 поени и е на 76-то место. Иако има подобрување во рангирањето, резултатот покажува дека се потребни дополнителни активности за борба против корупцијата. Стопанската комора констатира дека неодамнешните законски измени во Кривичниот законик, со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба, се фактор и индиректно влијаат врз работењето на бизнис секторот./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button