
Бизнисот стравува од нов удар предизвикан од енормно зголемените цени на енергенсите на светските берзи. Цената на струјата урива рекорди, а трошоците на компаниите се сè повисоки. Бизнисмените бараат помош од државата во делот на плаќањето на сметките за струја. Стопанствениците очекуваат дека Владата ќе се откаже ДДВ-то во ова кризно време за домаќинствата и фирмите да ги намалат трошоците.
„Верувам дека Владата ќе има разбирање и треба да го укине 100% ДДВ-то. Да нема воопшто ДДВ или да биде на нула отсто данокот. А, тоа би го направиле доколку тоа би важело и за компаниите, не само за граѓаните“, рече Ѓорѓи Манасков претседател на Стопанската комора за енергетика.
Од Владата велат дека како една од мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и заштита од висок раст на цените на електричната енергија е веќе намаленото ДДВ-то за струјата од 18% на 5%. Од јули стапката на ДДВ за струјата ќе биде 10 отсто, а Владата нема да се нема откаже од овие пари.
„Интензивно се работи на дизајнирање сет мерки за справување со кризата и не само во однос на порастот на цената на електричната енергија, туку и во однос на растот на цените на основните прехранбени производи“, наведоа од Владата.
Инаку, денеска на европската берза ХУПЕКС во Унгарија од каде најголем дел од нашите фирми купуваат струја, еден мегават час чинеше речиси 450 евра. Тоа е безмалку за три пати повеќе во споредба со цените по кои струјата се продаваше пред две недели. Во исто време, поради војната во Украина, природниот руски гас за испорака во април денеска на европските берзи се продаваше по цена од над 3.300 долари за метар кубен.
Иле Петревски