ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЈБ – Незадоволителна соработката со одредени држави за лицата барани со меѓународна потерница

Постојат индиции и одредени информации во врска со поранешни функционери кои се бараат со меѓународни потерници, но според првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во моментов не може да се преземат конкретни мерки.

Advertisements

Јанев вели дека соработката со одредени соседни земји за пронаоѓање на поранешни функционери како што се Артан Груби, Васко Ковачевски и Прпарим Бајрами, кои се бараат со меѓународни потерници, не е задоволителна. Тој рече дека овие држави не одговараат на барањата на земјата во реално време.

Шест месеци поминаа од бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби, осомничен за злоупотреби во Државната лотарија, по кого е распишана меѓународна потерница. Покрај Груби, за злоупотреби во Државната лотарија се бара и поранешниот раководител на оваа институција, Прпарим Бајрами. Неговиот тогашен адвокат, за Алсат, изјави дека тој не е во бегство, туку се иселил од земјата. Исто така, постои меѓународна потерница за Васко Ковачевски – главниот осомничен во случајот „Адитиви“ за манипулирање со тендери за снабдување со јаглен за ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј, тој е осомничен за кривични дела вредни шест и пол милиони евра.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button