ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Блажи: Потфрламе на тестот на одговорност

Психологот Сафет Блажи во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, оценува дека како народ потфрламе во тестот на одговорноста кога станува збор за применување на превентивните мерки за заштита од ширењето на корона вирусот.

Advertisements

„Некогаш и социјалниот притисок прави многу работа, веќе сме слушнале многу случаи, луѓе кои се среќаваат…, едниот ќе стави маска, а другите ќе му се потсмеваат, дали се плашиш – ќе му речат. Ова се моменти кои за жал се случуваат, а не треба да се случат. Само ако луѓето се малку поодговорни за себеси, но и кон нивните најблиски и кон општеството. Но, ова треба да биде многу јасно и да не е тема на меѓусебна дискусија и шега. Ова е мала работа која може секој да ја направи, со многу добар резултат. Но, како што изгледа не го поминуваме тестот на одговорност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button