
Откако американските медиуми пишуваа за тоа дека глумицата Блејк Лајвли и пејачката Тејлор Свифт се скарани, сега тие наводно се смириле.
Нивниот однос, според тогашните наводи, се променил кога режисерот Џастин Балдони ја спомна Свифт во неговата тужба против Лајвли. Пејачката наводно била лута што била вовлечена во правната битка. Според неименуван извор, сега двете пријателки „ја разработиле состојбата“ и повторно разговараат, објави „Дејли мејл“.
На Тејлор, се вели, сѐ уште ѝ е непријатно што е спомната во тужбата.
За потсетување, Блејк Лајвли во декември поднесе тужба против Џастин Балдони – нејзин соработник во филмот „Ова завршува со нас“, каде што и двајцата глумат. Таа, имено, го обвини режисeрот-глумец за сексуално вознемирување. Џастин потоа ги тужеше Блејк и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс за 321 милион фунти, обвинувајќи ги дека се обидуваат да и ја уништат кариерата и угледот.
Во својата противтужба, Балдони тврди дека Блејк ја понела Свифт на состанок заради промени во сценариото, но и дека глумицата ја искористила својата „мега-славна пријателка“ за да го заплаши. Според Тејлор, таа немала намера да биде таму за состанокот и дека едноставно дошла да се види со пријатели.
„Тоа беше првпат Тејлор да се сретне со Џастин. Таа немаше поим кој е тој, а Тејлор беше само љубезен. Беше љубезна со него како и со сите што ќе ги сретне”, изјавил изворот.
По тужбата, пејачката одлучи да молчи и да не се меша јавно во спорот. Според познавачи, тоа оди во прилог на одбраната на Џастин.