КОШАРКАСПОРТ

Блескаше Дончиќ,  Далас го доби четвртиот финален натпревар

Екипата на Далас Маверикс остана игра за титулата во НБА. Во четвртиот натпревар тимот од Тексас славеше над Бостон Селтикс (122-84) во историска партија и така намали во финалната серија од НБА-лигата на 3-1.

Победата од 38 разлика е трета најубедлива во НБА-финалињата. Далас се спаси од крај на серијата и „метла“, но сега серијата се сели во Бостон и тимот на Дончиќ ќе мора да направи брејкови за да остане во игра за титулата.

Лука Дончиќ блескаше, заврши со 29 поени, пет скока и пет асистенции, а сето тоа го направи за 32 минути на терен. На полувреме, даде 25 поени, што е рекорд во финалните серии и тоа без ниту една постигната тројка.

Словенецот го следеше Кајри Ирвинг со 21 поен, додека кај Бостон, Тејтум имаше 15, а Браун и Холидеј реализираа по 10 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button