СВЕТ

Блинкен денеска потврди дека САД одобриле Украина да користи американско оружје за напади на руска територија

Блинкен денеска потврди дека САД одобриле Украина да користи американско оружје за напади на руска територија

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска потврди дека САД одобриле Украина да користи американско оружје за напади на руска територија.
По состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Прага Блинкен изјави дека американскиот претседател Џо Бајден го одобрил потегот откако Украина побарала одобрение да користи американско оружје за да ја нападне Русија откако руските сили во послендите неколку недели ги засилиле нападите врз градот Харков во североисточна Украина, пренесуваат британските медиуми.

Advertisements

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно потврди дека САД и дозволиле на Украина да користи американско оружје на територијата на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин пред три дена ги предупреди западните земји дека ќе претрпат „тешки последици“ доколку дозволат Украина да користи западно оружје во нападите на руска територија, а истото денеска го стори и заменик секретарот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател и премиер на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button