ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Блинкен и Борел се кукавици, се плашат од разговори со факти

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на денепната прес конференција заминувањето на американскиот државен секретар Блинкен и претставникот на ЕУ за надворешни работи и безбедносна полкитика, Жозеп Борел, ги оцени како кукавички чин поради, како што рече, страв да се соочат со фактите.

„Не беше украинскиот министер, ниту министрите од балтичките земји. Државниот секретар Блинкен замина, Борел замина. Зошто се случи ова? Можеби сакаа да ја истакнат својата намера да ја изолираат Русија. Ама мислам дека се кукавици, се плашат од искрени разговори со факти. Ова го објаснува нивниот обид да не им дадат визи на нашите дипломати, како што се настаните на Обединетите нации во Њујорк, случувањата во Париз и седниците на УНЕСКО. Тие се кукавици. Барем во овие последни две години од оваа хибридна војна на Западот против Русија гледаме дека немаат разумни аргументи и ние вчера детално ги презентиравме нашите факти и никој не се противеше“, рече Лавров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button