Блинкен на состаноци во Лондон, во фокус војните во Украина и Газа

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен се очекува да ја повтори поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската инвазија како една од главните точки на агендата за време на посетата на Лондон на 10 септември, која треба да вклучи состаноци со британскиот премиер Кир Стармер и други официјални претставници на Велика Британија.
Блинкен, исто така, се очекува да зборува за војната во Газа и за одбранбениот пакт АУКУС меѓу Вашингтон, Лондон и Канбера.
Но, неодамнешните тврдења дека Иран и доставил на Русија балистички ракети со краток дострел значи дека претставниците на САД и на Велика Британија би можеле да се обидат дополнително да го координираат одговорот на она што експертите го сугерираат дека би можело да биде поттик за воените напори на Москва во соседна Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и голем број членки на НАТО ги охрабрија поддржувачите на Киев да ги укинат ограничувањата за тоа како и каде украинските сили можат да користат оружје доставено од Запад во конфликтот.