СВЕТ

Блинкен пристигна во Израел на разговори за војната во Газа

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен во петок (22 март) пристигна во Израел за да разговара за војната во Газа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во време кога разликите меѓу двете сојузнички земји се продлабочија кога станува збор за тој конфликт.

Блинкен пристигна од Каиро, како дел од неговата шеста посета на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, организација која Соединетите Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) ја сметаат за терористичка.

Се очекува Блинкен да каже дека е неопходно итно да се зголеми хуманитарната помош за опустошената палестинска територија и да апелира до Израел да не презема голема копнена офанзива во Рафа, бидејќи многумина стравуваат дека тоа дополнително ќе ја влоши и онака катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа, пренесе АФП.

„Голема воена операција во Рафа би била грешка, нешто што ние не го поддржуваме“, рече Блинкен во Каиро, каде што се состана со дипломати од Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button