
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, денеска пристигна во Киев, во прва посета на висок американски функционер на Украина откако Конгресот го одобри долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за земјата минатиот месец.
Посетата има за цел да ја покаже солидарноста на САД со Украина додека таа се бори со тешките руски бомбардирања на нејзината североисточна граница.
„Блинкен, кој пристигна во Киев со воз рано наутро во вторникот, се надева дека ќе испрати силен смирувачки сигнал до Украинците кои се во многу тешка ситуација. Секретарот ќе разговара за тоа како нашата дополнителна помош ќе помогне да се зајакне нивната одбрана и да им се овозможи да преземат иницијатива на бојното поле“, рече американски функционер кој ги информираше новинарите за посетата на Блинкен.
Артилерија, ракети со долг дострел познати како АТАЦМС и систем за противвоздушна одбрана одобрена од претседателот Џо Бајден на 24 април веќе се делумно испратени до украинските сили, рече официјалниот претставник.