ВЕСТИСВЕТ

Блинкен во Кина ќе ги обновува односите со официјален Пекинг

Блинкен во Кина ќе ги обновува односите со официјален Пекинг

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Пекинг на разговори со високи кинески претставници, јави државната телевизија коментирајќи дека ова е посета која има за цел обнова на заладените односи меѓу двете земји.

Advertisements

Блинкен денеска прво ќе се сретне со шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг, со кого потоа ќе имаат и работна вечера.

Американскиот државен секретар утре ќе оствари уште неколку средби со највисоки кинески функционери, по што ќе ја заврши посетата на Кина.

Блинкен, кому ова е прва посета на Кина откако ја презеде функцијата во 2021 година, го надополнува долго планираното патување што го откажа на кратко во февруари, кога избувна дипломатска криза со откривањето на, според Вашингтон, кинески балон за набљудување над американска територија./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button