СВЕТ

Блинкен: Воените вежби на Кина се ескалација

Блинкен: Воените вежби на Кина се ескалација

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека воените вежби на Кина насочени кон Тајван, вклучително и проектили испукани кон ексклузивната економска зона на Јапонија, претставуваат ескалација.

Кинеските воени вежби беа започнати откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван во вторникот.

„Кина избра да претерано реагира и да ја искористи посетата на Пелоси како изговор за засилување на провокативните воени активности во и околу Тајванскиот теснец“, рече Блинкен на конференција во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

Блинкен, исто така, рече дека САД цврсто стојат во солидарност со Јапонија по „опасните акции преземени од Кина“, пренесе АП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button