
Бостонскиот федерален судија Индира Талвани ја блокираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им го одземе привремениот правен статус на стотици илјади Кубанци, Хаиќани, Никарагваци и Венецуелци во Соединетите Држави.
Во својата одлука, Талвани навела дека одлуката за одземање на привремениот правен статус на мигрантите на две години е заснована на погрешно толкување на законот бидејќи овие мигранти легално ја преминале американската граница.