Блокирани улици, поплавени подруми, уништени дрвја од вчерашните врнежи во Тетово
Блокирани улици, поплавени подруми, уништени дрвја од вчерашните врнежи во Тетово

Блокирани улици, автомобили со искршени стакла, поплавени подруми, уништени дрвја. Ова е билансот од вчерашните врнежи во Тетово, кои околу еден час беа придружувани со град.
Поплавена е и тетовската болница. Подрумот во објектот на хирушката болница е во прилично лоша состојба. Порталб.мк го посети овој објект, и таму имаше многу вода и лоша миризба.
Екипите на Јавното комунално претпријатие „Тетово“ од Тетово и Противпожарната единица Тетово работат на терен и со помош на пумпи ја отстрануваат водата од поплавените објекти.
Силниот ветер и врнежите предизвикаа штета и на земјоделските култури, но и во урбаните средини, оштетија покриви, тенди, возила итн.
Неколку часа беше прекинато снабдувањето со електричната енергија, со цел да се спречи некоја несреќа како последица на поплавите.
Центарот за управување со кризи вчера на бројот 122 примил над 200 повици во врска со штетите кои ги претрпиле граѓаните.
Освен на подрачјето на Тетово, состојбата е сериозна и во регионот на Желино, каде што во одредени делови имало и одрони.
Исто така, во атарот на општина Јегуновце, во село Сиричина, едно семејство било блокирано, и таму интервенирале тетовските пожарникари./Алсат.мк
Башким Сулејмани