ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЛУПРИНТ група за реформи во правосудството: Недоволна транспарентност и пропусти при изборот на шефот на ОЈО-ГОКК

Блупринт групата за реформи во правосудството изразува став за недоволната транспарентност и направените пропусти при изборот на Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) кој што беше спроведен на 7 ноември 2022 година. Изборот на основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК беше направен по претходно објавен оглас на 30.09.2022 година.

За прв пат изборот, како што е наведено во соопштението од Блупринт групата за реформи во правосудството, на основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК се врши од страна на сите јавни обвинители во државата, а Советот на јавните обвинители на РСМ има надлежност само да го констатира изборот согласно волјата на јавните обвинители (согласно Законот за јавното обвинителство донесен во 2020 година и измените на Законот за Советот на јавните обвинители од 2020 година).

-Овој начин на избор на основниот јавен обвинител на ОЈО-ГОКК, Блупринт групата го смета за напреден процес кој влијае на унапредување на независноста на јавните обвинители и внатрешната контрола на јавно-обвинителската професија. Во прилог на овој начин на избор, укажува и заинтересираноста на 163 јавни обвинители1 кои учествуваа во изборот на основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК, се посочува во соопштението.

Од Блупринт групата со забелешка дека имаше пропусти во текот на постапката за избор на основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК.

-Имено, процесот на избор беше недоволно транспарентен, па за четирите кандидати недостасуваа податоци за професионалната кариера. Јавноста, а посебно стручната јавност, немаше можност да се запознае со предлог програмата на кандидатите што би влеало доверба во процесот, а би влијаело на доверба во институцијата. Ова е особено важно ако се земе предвид дека станува збор за Обвинител кој ќе раководи со Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, чии постапки се од висок интерес за јавноста, медиумски се експонирани и значително влијаат врз формирањето на мислењето и довербата на јавноста во обвинителството и судството во целина, посочуваат од Блупринт групата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button