
Шпанскиот весник „Марка“ му даде ново име на офанзивното трио на Реал Мадрид – „БМВ“.
„Кралскиот клуб“ го освои Суперкупот на Европа, победувајќи ја Аталанта со 2-0. По успехот, триото Џуд Белингам, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор добија заедничко име, со кратенката „БМВ“.
Пред неколку години триото Гарет Бејл, Карим Бензема и Кристијано Роналдо беше познато како „BBC“ (Бејл, Бензема, Кристијано).
„БМВ веќе е тука. Подгответе се, сезоната ќе биде ветувачка“, напиша „Марка“.