ЕКОНОМИЈА

Бочварски очекува реализација на капиталните инвестиции од 80% до крајот на годинава

Министерството за транспорт и врски до крајот на годинава ќе има реализација на капитални инвестиции на ниво од 80 отсто, уверува министерот Благој Бочварски. Тој посочи дека и во услови на здравствена криза, проектите не се забавени, туку се реализираат со уште поголем интензитет. Показател за тоа, како што истакна, е растот на градежниот сектор во третиот квартал за 3,4 процентни поени, како и фактот што во речиси сите градежни компании нема отпуштање на работници.

Advertisements

„Влеговме во еден период каде пандемијата од корона кризата имаше силно влијание врз динамиката на изградба на капиталните проекти, но со посветена работа и добро менаџирање, не дозволивме тие да запрат. Министерството за транспорт и врски и во услови на оваа здравствена криза и понатаму останува мотор на домашната економија“, вели Бочварски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button