МАКЕДОНИЈА

Бочварски ветува транспарентен избор на компании за изградба на патните коридори

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, запрашан за став во врска со најавите дека изборот на компанија за изградба на патни коридори во земјава нема да се врши според законот за јавни набавки туку со непосреден договор помеѓу државата и изведувачите вели дека процесот ќе биде транспарентен и оти во него ќе учествуваат повеќе експертски тимови.

„Луѓе кои се од сферата на транспарентноста работат во овие постапки и сакам да разговарам, сакам да ги вклучиме сите. Многу ми е важно мислењето заради тоа што не сакам да има ниту една дамка во однос на оваа постапка, заради тоа што сакаме да придонесеме да не нѐ заобиколат транспортните коридори“, рече Бочварски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button