МАКЕДОНИЈА
Богоевски: Сакаа да ме набодат на знаме, но не се откажав од државата


Алсат
08.09.2020 22:55
Државата некогаш и мене ме разочарала и не сум бил горд, но тоа не значи дека треба да се откажам од државата, вели активистот Павле Богоевски во неговото вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат. Како што кажа тој, таквите моменти би требало да се гледаат како мотив за уште понапорна и поискрена работа.
„Од многу работи и јас не сум бил горд на мојата држава, дури и сум се срамел. На пример на 27-ми, кога македонски националисти влегоа во Собрание и пробаа да ме наденат на копје од македонско знаме. Ама тоа не значи откажување од државата. Тоа значи мотивација за уште понапорно и поискрено работење. Каква е таква е, една ни е“, рече Богоевски.