Боговиње, Желино, Теарце и Јегуновце со противпожарни единици
Боговиње, Желино, Теарце и Јегуновце со противпожарни единици

Боговиње, Желино, Теарце и Јегуновце ќе бидат опремени со противпожарни единици откако главната база во Тетово одлучи да отвори нови потстаници за руралните општини. Првиот човек на противпожарната бригада Тетово, Авни Амети за Алсат вели дека се очекува објектите каде што ќе бидат поставени единиците да ги обезбедат и одржуваат руралните општини, а во спротивно ќе им се фактурира секоја интервенција на нивните територии.
„Ќе има три нови потстаници на три точки кои ќе ги поврзат руралните општини, односно општина Боговиње и Брвеница ќе бидат опфатени со една станица, општина Теарце со Јегуновце и општина Желино, која ја одвоивме од руралните општини, додека во зимско време имаме и станица која ќе биде мобилна и ќе се наоѓа на Шар Планина. Цело време зборуваме дека руралните општини треба да учествуваат во противпожарната бригада Тетово, а главен финансиер ќе биде општина Тетово. Но, ќе треба да склучиме и договори за финансирање со општините каде што ќе бидат овие центри“, рече Авни Амети, Раководител на Противпожарна служба Тетово.
Од општина Желино велат дека веќе почнале да бараат локација каде ќе биде сместена оваа противпожарна станица. Но, велат дека ќе имаат проблем да ја финансираат.
„Првично сме ориентирани да обезбедиме соодветна локација која ќе биде во сопственост на општина Желино. Доколку не успееме, тогаш ќе најдеме место со други облици на покривање на трошоците, но важно е локацијата да биде соодветна“, изјави Јасин Шаќири, Општина Желино.
Жителите ја поздравуваат иницијативата, но сепак некои не веруваат дека ќе се реализира.
„Позитивно е да имаме пожарна бидејќи тоа би ни помогнало во случај на пожар или катастрофа да пристигнат побрзо. Да има населбата што е можно поблиску пожарникарска служба, тоа би спасило животи, но не знам, ќе видиме како ќе се снајдат општинските институции, но што побрзо се направи, толку подобро“, рече еден жител.
„Сè што се прави за жителите е добро, иако не ни требаат само пожарникари туку многу работи, сепак, зависи од институциите“, додаде друг жител.
Проектот финансиски ќе го поддржи општина Тетово. За него ќе нема нови вработувања, туку пожарникарите кои работата во Тетово ќе бидат распределени заедно со потребната механизација./Алсат.мк
Башким Сулејмани