Бојкот на маркетите, граѓаните сметаат дека еден ден не е доволно

„Граѓаните за утре најавија бојкот на сите маркети, додека оние кои денеска ги анкетиравме велат дека се за овој бојкот, а други велат дека не треба ни да бојкотираат бидејќи веќе е крајот на месецот и нема што да трошат“, пренесува репортерот на Алсат.
„Можеби ништо нема да се постигне, но тоа ќе биде предупредување и за владата и за трговците. Добро е што е на ниво на поранешна Југославија и зошто да не учествуваме и ние, да бојкотираме на некој начин бидејќи цените се навистина високи за нашиот стандард и мислам дека тоа би имало мало влијание“…
„Мислам дека еден ден не е доволен, бојкотот треба да трае подолго ако сакаме да има ефект, но не е само тоа, многу работи треба да се бојкотираат во оваа земја“, велат граѓаните.
Но, ниту маркетите не седат со скрстени раце. Некои од нив веднаш презедоа мерки со намалување на цените, а други најавуваат дека ќе прават попис и нема да работат. Повикот граѓаните да не купуваат во супермаркетите почна на социјалните мрежи поради високите цени на производите, по примерот на Хрватска и другите земји од регионот. Надлежните најавија контроли по маркетите
Авни Тахири