Бојкот на наставата ако наставниците не добијат пари за прекувремената работа

Учебната година во основното образование може да не заврши на време ако на наставниците кои имаат прекувремени работни часови, не им биде исплатен дополнителниот труд. Во многу основни училишта во земјава веќе била донесена одлука за бојкот на работата, доколку не се најде решение.
Министерството за образование апелираше до општините и училиштата да го почитуваат законот и да исплаќаат надоместок за дополнителната работа.
Министерство за образование и наука
„Министерството за образование и наука редовно и навремено исплаќа блок дотации за локалната самоуправа во согласност со динамиката со која ги доставуваат апликациите. Исто така, во октомври Министерството за образование и наука испрати писмо до сите училишта потсетувајќи ги за нивните законски обврски дека на наставниците со дополнително работно време треба да им се исплати надомест, за што се обезбедени средства.“
Поради пандемијата со физичко присуство во училиштата одат само учениците од прво до трето одделение. Во некои случаи едно одделение мораше да се дели во две групи, а за тоа наставниците да работат двојно повеќе часови.
MElihate Rustemi