Бојкот на наставата во Шемшово, нема парно за греење

Над триста ученици од основното училиште во село Шемшово од денеска ја бојкотираат наставата поради немање нафта за парно греење.
„На синоќешната средба на родителите од селото Шемшово, родителите беа едногласни дека додека нема услови, нема греење, децата нема да бидат пуштени на настава. Ако се обезбеди нафта секако ќе ги пуштиме децата, ако не се обезбеди нафта, има и други форми како ќе постапуваме како совет на родители“, вели Зеќир Зеќири, претседател на Советот на родители.
Директорот на училиштето вели дека неколку пати побарал нафта од општина Јегуновце, но оттаму нема одговор.
„Неколку пати сум, пратил барање и тоа ќе го докажам пред надлежните органи, но тоа не било земено предвид од раководството на општината, за да се отвори нов оглас за набавка на нафта“, вели Бурхан Ејупи, директор на О.У „Шемшова“.
Побаравме појаснување и од општина Јегуновце за проблемот, но не беа на работно место, ниту градоначалникот ниту одговорниот за образование. Тие не одговораа ниту на телефон.
Покрај немањето на нафта за греење, друг проблем се и старите прозорци поради кои и кога е вклучено парното температурата не го достигнува вистинското ниво.
Башким Сулејмани