Бојкотот го намали прометот на маркетите за скоро 47%
Бојкотот го намали прометот на маркетите за скоро 47%

Вчера, со бојкотот во супермаркетите во знак на револт поради поскапувањето, податоците покажуваат дека осумте најголеми синџири супермаркети во земјава доживеале пад на вкупниот промет од скоро 47%, во споредба со минатиот петок. Податоците ги објави Управата за јавни приходи. Од овој податок се гледа и дека ден пред бојкотот немало голема гужва на маркетите, во однос на минатата недела.
„На 31 јануари до полноќ во ГПРС системот на УЈП е евидентиран вкупен промет од 114.293.363 денари. Во четвртокот на 30 јануари до полноќ во ГПРС на УЈП системот е забележан вкупен промет од 212.782.151 денари, додека во петокот на 24 јануари до полноќ вкупен промет од 213.985.705 денари“- Управа за јавни приходи.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека инспекторите излегле на терен и се прават анализи, а за тоа што следува, ќе се види од понеделник.
Опозициската СДСМ потенцира дека бојкотот на маркетите е порака до власта која не најде соодветни мерки да го спречи енормното поскапување.
“Граѓаните самите се организираа и преку бојкот на маркети кренаа глас против високите цени и енормните поскапувања. Бојкотот е порака и за власта на Мицкоски која не ги заштити граѓаните, не презеде навремени и ефикасни мерки и не го спречи растот на цените. Токму Мицкоски, на 5 декември 2024 година, на прес конференција во Владата ја промовираше „кошничката“ и рече дека над 600 производи ќе поевтинат. Но, наместо да се намалат, цените се зголемија. Владата им остави време на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила“ – СДСМ.
Граѓаните , самоиницјативно, вчера ги бојкотираа поголемите маркети во земјава поради поскапувањето. Ваква акција претходно беше спроведена во Хрватска, а слични иницијативи се најавени и во други земји од регионот. Партиите во земјава ја поддржаа оваа иницијатива на граѓаните. /Алсат.мк
Суад Бајрами