ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бока: Северна Македонија веќе требаше да биде во ЕУ

Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата е незавршен процес. Македонија веќе требаше да биде во ЕУ. На Северна Македонија и треба ЕУ, но и обратно на ЕУ и треба Северна Македонија. Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат, порача  министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Advertisements

– Постои силно стратешко партнерство меѓу Унгарија и Северна Македонија кое се темели на споделени вредности и замени интереси, а тоа се однесува и на прашањата на евроинтеграцискиот процес. За време на унгарското претседателство со ЕУ, се обидовме и успеавме да го ставиме во преден план проширувањето, помогнавме за усвојување на реформската агенда за земјата, како и за влезот во СЕПА- единствената област на плаќања во евра, што исто така ќе биде голем исчекор за Северна Македонија, рече Бока кој ја искористи приликата да изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани и подготвеноста на Будимпешта и понатаму да даде каква било помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button