ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Боки 13 ја фотографирал Јанева по ресторани, канцеларии и по дома

Се одложи судењето кое Катица Јанева го започна на своја рака против Боки 13. Поранешната специјална обвинителка го гони шоуменот зошто неовластено ја фотографирал 22 пати додека интензивно се дружеле и  потоа беа уапсени за изнуда на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев. Но судење немаше, зашто Боки е хоспитализиран по хируршкиот зафат и е на болничко лекување. Ако до пред три месеци Јанева и Боки делеа обвинителка клупа, на 19 – ти октомври на новото судење ќе бидат на спротивставени страни.

Advertisements

„Не поднесовме тужба за повеќе иако имаше повеќе фотографии и снимки. Направени се на разни места. Претежно во домот но има и во канцеларија на Катица Јанева. Мислам дека има и во ресторани“, рече Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева.

Катица Јанева повеќе не е во Скопје. Куќен притвор издржува во родната Гевгелија.

„Укинување на домашен притвор е побарано, меѓутоа судот одби. Имаше дури жалба од обвинителството. Тие сметаа дека не треба повеќе да опстојува куќниот притвор. Бараа да биде определен притвор, но тоа судот го одби“, рече адвокатот Кадиев.

Фотографиите за кои Јанева со приватна тужба го гони Боки се оние кои обвинителството ги презентираше како докази во „Рекет“. На дел од нив Јанева беше фотографирана со снопчиња пари. Екс специјалната обвинителка е осудена на седум години затвор, додека Боки 13 на девет годишна казна. Двајцата се жалат на Апелација. Трето обвинетиот Зоран Милевски – Кичеец веќе е правосилно осуден на три години и чека упатен акт за во затвор.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button