ВЕСТИСВЕТ

Болдвин не го почитувал „Златното правило“ – Пиротехничар објаснува како се случи трагедијата на снимањето на „Rust“

Болдвин не го испочитувал златното правило за безбедност со вперување на оружјето кон друго лице, пишува Daily Mail.

Зак Најт, инженер за пиротехника и специјални ефекти, рекол дека правило број еден е дека не смее да има куршуми на филмскиот сет, пренесува Daily Mail.

Advertisements

– Правило број два е дека секој човек на сетот има право да го прегледа оружјето пред некој да пука од него. А правилото број три е – нема причина некој да биде пред оружјето од кое актерот ќе пука – изјавил Најт и додал:

– Секогаш кога ќе видите во филмот дека цевката е вперена кон камерата, никој не смее да стои зад неа. Во овој случај, гледаме дека пиштолот бил вперен кон две лица.

Тој вели дека требало да има бариера помеѓу актерите и персоналот, како и дека е очигледно дека некои луѓе не ја завршиле својата работа како што треба.

Извор: DailyMail

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button