
Пациентите со цистична фиброза најавуваат протести се додека надлежните институции не го обезбедат лекот „Трикафта“ кој е единственото решение за лекување на нивната болест. Претставниците на Здружението на пациенти со цистична фиброза го изразуваат својот револт поради непреземањето конкретни и брзи чекори за изнаоѓање решение.
Во меѓувреме, Министерството за здравство соопшти дека пред извесно време е формирана работна група која работи на изнаоѓање решение. Во оваа група се најавува дека ќе бидат поканети претставници на здружението. Во март државата обезбеди една година терапија за 12 пациенти кои биле во критична состојба со цистична фиброза. Нивниот третман започна веднаш и даде резултати, но над 100 други пациенти со цистична фиброза останаа без терапија. Од Здружението заболени од цистична фиброза велат дека дел од нив веќе се влезени во критичната фаза во која само 40 отсто од органите им се во целосна функција.
Вјолца Алити