ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Болниците се полнат, се повеќе заболени од грип

Болниците се полнат, се повеќе заболени од грип

Бројот на заболени од грип може да биде поголем од пријавените бидејќи голем број пациенти не се јавуваат на лекар за прегледи. Лекарите велат дека еден член на семејството лесно може да ги зарази другите членови, а меѓу причините за зголемениот број се и забавите во овој период од годината.

Advertisements

Грипот најмногу ги погодува децата, кои се изложени на ризик да заболат од бронхопневмонија. Тоа е причина да се наполнат креветите на Детската клиника и во Козле.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, минатата недела се регистрирани 1.053 случаи на грип, што претставува трикратно зголемување во однос на претходните недели. Највисок пораст има кај децата на возраст од 0 до 4 години и кај деца на возраст од 5 до 14 години.

За прв пат оваа сезона, бројот на заболени од грип е над неделната граница на активност на сезонски грип. Најголем број заболени има во Скопје (305), потоа Дебар со 134, Куманово со 118, Тетово и Гостивар со 66, Кавадарци со 62./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button