СПОРТФОРМУЛА - 1

Бомба од Ф1: Ред Бул го отпуштија Хорнер по 20 години соработка

Тркачкиот тим на Ред Бул во Формула 1, официјално ја заврши соработката со менаџерот Кристијан Хорнер, кој стоеше на чело на овој тим уште од 2005 година.

Advertisements

Според германскиот весник “Bild” одлуката е веќе донесена, а сега “Motorsportweek” и “The Race” објавија дека од Ред Бул дошла официјална потврда дека “Хорнер бил ослободен од неговите оперативни должности во тимот, почнувајќи од денес”.

Хорнер изминатата година беше вовлечен во скандал со пораки со вработена во Ред Бул, но тогаш после внатрешна истрага тимот одлучи да застане зад него и да го поддржи во неговото водење на Формула 1 тимот.

Сега, после лошите резултати сезонава и изгубената борба за двата шампионати, од Ред Бул изгледа решија да направат драстична промена и да го прекинат неговиот договор.

Се шпекулира дека Хорнер веќе влегол во преговори за лидерската позиција во Ферари, уште еден тим кој не е задоволен од овогодинешните резултати, па можно е да гледаме големи промени во Формула 1 светот од идната сезона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button