ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Бомгартнер: Франција посакува преговори без одлагање

Претседателот на Франција веќе кажа дека посакува пристапните преговори за С Македонија да започнат поскоро, рече во своето денешно излагање францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер. Тој се повика на изјавата на Макрон дадена за време на посетата на премиерот Заев на Франција.
„Претседателот на владата, во јуни минатата година, беше во посета на Париз, на историска средба со претседателот на Француската Република. Ги повикувам сите, уште еднаш да ги слушнат изјавите за јавноста, дадени во таа пригода. Претседателот на Франција тогаш кажа и постојано повторува, дека Франција посакува пристапните преговори да започнат без одлагање затоа што С Македонија постигна извонреден напредок и го заслужува тоа“, рече амбасадорот Бомгартнер.