СВЕТ

Борбите во Украина фокусирани на регионите Бахмут и Донецк, девет милиони цивили немаат струја

Руските сили започнаа нови напади врз градовите Бахмут и Авдијевка во источна Украина, поддржани со артилериски оган, соопшти украинската влада. Во меѓувреме претседателот Володимир Зеленски изјави дека милиони цивили се во мрак и без греење поради уништување на цивилната инфраструктура во руските напади, јавуваат агенциите.

Во последните 24 часа, руските сили извршија два напади со проектили и 44 ракетни напади врз позициите на украинската армија, вклучително и на 25 населени места околу Бахмут и Авдијевка, кои се центар на новата офанзива на Москва во Донецк.

Advertisements

Луганск и Харков се другите два региони на исток, покрај Донецк, кои се цел на засилените руски напади, се вели во соопштението од украинските власти. Во јужниот регион Херсон, руските сили бомбардирале населени места долж десниот брег на реката Днепар, соопшти украинската војска.

Според Киев, украинските сили одговориле со напад на руски позиции во близина на Новобилозерк во регионот Запорожје.

Британското министерство за одбрана во својот дневен разузнавачки извештај потврди дека во последните два дена Луганск и Донецк се регионите кои биле под најсилни напади од руските сили.

„Во текот на последните 48 часа, борбите продолжија со фокус на регионот Бахмут и Донецк и во близина на Сватов во Луганск. Русија продолжува со чести мали напади на овие области иако нема големо поместување на позициите на теренот“, се наведува во извештајот на британското министерство за одбрана, објавен на Твитер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button