СВЕТ

Борел ја повика Грузија да го повлече законот за „странски агенти“

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска ја критикуваше Грузија за усвојување на закон за „странско влијание“ насочен кон невладините организации финансирани од странство и за потиснување на масовните протести, повикувајќи го Тбилиси да го смени курсот.

Advertisements

„Усвојувањето на овој закон негативно влијае на напредокот на Грузија на патот кон ЕУ… Ги повикуваме грузиските власти да го повлечат законот“, рече Борел во заедничка изјава со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

И грузиската претседателка Саломе Зурабишвили предупреди дека опстанокот на Грузија како држава е во опасност откако парламентот го одобри спорниот закон и покрај неколкунеделните народни протести и предупредувањата од Западот дека овој потег ги загрозува евроатлантските аспирации на Грузија.

Говорејќи на прес-конференција во Тбилиси со министрите за надворешни работи на Латвија, Литванија, Естонија и Исланд на 15 мај, Зурабишвили повтори дека ќе стави вето на законодавството одобрено еден ден претходно, бидејќи владата „не го послуша гласот на својот народ , ниту на советите на своите пријатели, ниту ничие предупредување и тргна по својот пат“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button